Rene Breitbart - Discodancer
Author : B.A.M.B.I / Date : 29-09-2006 14:48
View or add comments : (1)
Average members rating : 0
Рене Бреитбарт - Дискодансер (шајан 010)

Евидентно хаус музиката во последните неколку години бележи минимален квалитативен пад, наспроти фактот што во денешно време се соочуваме со хиперпродукција во електронската музика.Шајан е релативно нов германски лејбл, кои спаѓа во групата нови лебјлови кои издаваат хаус музика.Зад децеттото издание на Шајан стои името на Рене Бреитбарт, еден од поинтересните минимал хаус продуценти кои доаѓаат од Берлин и најчесто издаваат за неговиот матичен лејбл Трајбштоф, и лејблови како Саб Статик и Текцтон.

Неговото најново еп насловено како Дискодансер, во суштина претставува фузија на неколку форми на хаус музика.Носечката А1-песна
Дискоданцер е одлична хаус песна, која во себе сорджи доста асид и тек-хаус елементи.Откачен ритам програминг, базирајќи се на мелодична и флуидна бас линија, надополнета со заразна атмосфера ја прават Дискодансер една од потенцијалните хит песни кои можеме да ги добиеме во наредниот период.Б1 страната Ласт Кал е типична хаус песна, со личен концепт на авторот околу модерната хаус продукција и како би требало таа да изгледа во денешно време.Продукциски послаба, Ласт Кал е пред се наменета за подиумите на кои преовладува разиграниот фанки ритам.Третата песна Деепер Функтион е со сличен сензибилитет и по многу нешта потсетува на Б1 темата, со акцент на импровизираната и опуштена асид џез позадина.

На крај можеме да констатираме дека Дисконацер е издание кое не би не изненадило доколку го чуеме во некој електро, прогресив хаус , или пак тек-хаус сет,а Рене Бреитбарт се повеќе се наметнува како еден од главните ликови во современата минимал хаус сцена.Пазете на ова момче во иднина!

Оценка (8,5/10)

Бојан Тодоровски (Б.А.М.Б.И)
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats