Max Hyber
Author : / Date : 24-09-2006 11:59
View or add comments : (5)
Average members rating : 0


Роден Октомври 1976 во Скопје. Потекнува од музичко семејство. Со музика се занимава од својата 8-ма година кога ги компонира првите песни во Рап и Rnb стил. Посериозните обиди од областа на рап музиката достигнуваат и до радио брановите на некои од некомерцијалните радио станици во Скопје. Со електронските звуци се запознава во средината на 90-тите, од кога неговата музичка креативност добива нови димензии.

Под името Latitude42 (географска ширина на град Скопје) Мартин објавува околу 10 траки на интернет, во мп3 формат, на тогаш и не толку познатиот сајт mp3.com. Меѓу тие 10 траки се наоѓаа и траките 'Latitude42 – The Traveller' и ‘Latitude42 – Sleepflying’. Еден од скаутите на англиската музичка куќа 'Sonambulist Recordings' минувајки на страницата на Мартин, ја слуша 'The Traveller' и веднаш го контактира Мартин, по што следуваат преговори со менаџментот со музичката куќа, а во Март 2001-ва година Мартин потпиша ексклузивен договор за издавање на винил под алиасот Hybernated (прев. Хиберниран-во длабок сон). Во Ноември 2001-ва година во продажба на светскиот музички пазар се појави сингл изданието Hybernated – The Traveller на винил (плоча), со ремикс на англискиот продуцент Катакана (ко-сопственик на Sonambulist) на Б-страната. Траката доживеа поддршка - пуштање на радио (пр. Kiss100 FM) или во клуb (пр. GateCrusher Manchester), од познати диџејски иминја како што се: Graham Gold, Gordon Keye, Xpress 2, (Omid)16B, (Jody) Way Out West, Tim Lennox, Stretch n Vern, Ashlee Casselle и др.

Во меѓувреме на домашниот пазар се појави и првото официјално, регуларно CD издание кое презентираше музика од македонски автори. CD-то го издаде етикетата „Трето Уво“ на Иво Jанковски и беше насловено „8“, колку што броеше автори и самото CD. Траката Latitude42 – Sleep Flying најде свое место на ова издание како прва трака.

Во 2002 година по потпишувањето на вториот договор со Sonambulist Recordings, овој пат под псевдонимот Max Hyber, Мартин го издава своето второ винилно издание насловено како Max Hyber – Visual Reality. Оваа плоча добива огромна DJ поддршка насекаде низ светот. Позитивен feedback пристигна од сите страни на светот, Мартин беше контактиран од DJ-и од Лас Вегас, Англија, Турција, Грција, Москва… Меѓу поголемите имиња кои ја употребувале оваа плоча во нивните живи или радиски сетови се: James Zabiela, Tom Middleton, Steve Lawler, Sander Kleinenberg, Chris Fortier…

Истата година, веќе легендарната музичка куќа Plastic City ја откупува лиценцата за Visual Reality со што истата е вклучена во инзворедното музичко дело наречено “Deep train 2 Destination Soul”, миксан албум на еден од најголемите мајстори на deep и tech house музиката, The Timewriter кој беше одлично оценет од светската музичка критика. На овој албум Мартин се наоѓа во исто друштво со автори како што е самиот The Timewriter, потоа Swayzak, Asad Rizvi, Fred Everything, Ronin… Ова издание го етаблира Мартин Апостолов и неговиот проект Max Hyber на глобалната денс сцена.

Приказната за “Песната со Ѕинго“

Иако многумина тоа не го знаат, „Песната со Ѕинго“ е всушност траката Max Hyber – Imperatorot. Oваа трака беше изработена од Мартин Апостолов во времето по парламентарните избори во Македонија во 2002 година. Траката беше инспирирана од емотивните говори на Ѕинго низ неговите настапи низ Македонија. Сепак, Мартин оваа трака ја изработи за своето потесно друштво при настапите во скопското клубче Бизар, а не беше планирано оваа трака да достигне толкава популарност. Токму затоа во времето кога траката беше хит на Сити Радио, Мартин одлучи при најавите на песната да не се споменува авторот, затоа што целта на траката не беше јавно да се исмејува г-динот Љубисав Иванов Ѕинго. Траката никогаш не е официјало издадена.
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats