Mathew Jonson Automatic/Beach Party EP Wagon Repair - 016
Author : uber_user / Date : 17-09-2006 12:11
View or add comments : (4)
Average members rating : 0
Почнувајќи уште од првите неколку перкусии, нагласениот snare и чудната и извитоперена бас-линија очигледно е дека станува збор за модерниот чудотворец на електронската сцена - Mathew Jonson. Со прогресирањето на А-страната (automatic) станува јасно колку е заматена границата измеѓу генијалната инвентивност во sound-engineering-от и ритам програмирањето наспроти очигледните влијанија на слободата на изразување од импровизираниот џез. Интелигентно одлепен фанк, надвор од сите граници и рестрикции на современата електронска продукција. Можеби ова не би влегло во тесната интерпретација за „минимал звукот“ но е доказ дека интензитетот на креативната енергија на овој неверојатен продуцент воопшто се нема намалено низ текот на годините и вртоглавиот пораст на неговата популарност.

'Beach Party', Б-страната продолжува со слободниот стил од својот претходник, но овој пат бавно, меко и сонливо. Позадините и текстурите заедно со издолжениот монотон snare градат една дистинктивна lo-fi психоделично-носталгична атмосфера навраќајќи се на звучните пејсажи налик на The Orb но и задржувајќи ја импровизациската свежина, која сосема ја елиминира опасноста од запаѓање во монотони текови. Дискутабилно, сепак моја оцена е дека Beach Party е за нијанса пофино изработена од Automatic, со поголем акцент на тоналитетот и хармониите кои преовладуваат.

За крај вреди да се каже дека ова издание најверојатно нема да ја добие најголемата клупска минутажа, нити да освои којзнае колку 'best of..' награди, но секако дека е повеќе од добредојдено во колекцијата на секој познавач на квалитетната електронска музика без предрасуди. А што се однесува до фановите на Mathew Jonson, ова се пар траки без кои не се може...

Overall Score: [9/10]

A1 - Automatic
B1 - Beach Party

review by uber_user for clubbersguide.com.mk (c) 2006
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats