Author : Gringo / Date : 08-01-2010 09:30
View or add comments : (9)
Average members rating : 0




Еуро транс: чуден феномен што се појави некаде пред околу 10тина (околу 96та според некои легенди) години и го смени светов - на полошо.

Многу од олд скул транс ентузијастите признаваат дека престанале да слушаат транс одма после еуро транс-от, причината за ова е многу проста. Уште во самиот почеток еуро транс-от направи направи огромни чекори наназад. Самиот стил всушност нема апсолутно ништо ново и инвентивно, тоа што е направено во овој стил е втемелување на breakdown-build-anthem шемата, вбризгана поп и турбо фолк финта што наеднаш ја направи оваа чудна и модерна музика прифатлива за пошироката народна маса.

Рака на срце тоа и не беше баш така лоша идеја, нема ништо лошо кога има малку тензија и ослободување во песните, сепак заради тоа и народот слуша музика. Да ја спушти публиката на нозе да ползи пред да експлодира во еден разорен климакс е еден од најдобрите трикови во музиката. А на крајот на краиштата, ако ДЈите се толку глупави и неспособни да научат како да ја креираат адекватната тензија и ослободување во нивните сетови, преку однапред планирани и одбрани траки за сет, сето тоа е веќе направено за нив, притоа вадејќи било каква способност која што мислеле дека ја поседуваат за да бидат добри ДЈи.

Публиката на оваа музика е една од најчудните кои што досега сум ги сретнал. сите до еден упорно тврдат дека се најотворени за сите стилови на музика, меѓутоа секогаш кога ќе дојде време да слушнат или да посетат некоја журка на која што нема да има еуро транс, истите тие никаде ги нема.
Всушност таа публика оди на журка само доколку ДЈ-от е претерано познат и се наоѓа на одредена топ листа на ДЈ-и, притоа учејќи ги поголемиот дел од песните што ќе бидат пуштени таа вечер (сепак
со однапред спремните сетови, лесно е и тоа да се погоди, нема никакви изненадувања) со цел да ги пеат фалш пред ДЈ-от, давајќи му на знаење дека си ја завршиле домашната работа. - една од одликите на турбо фолк и поп публиката.

Веќе не толку гломазен, долг, репетитивен и пасивен, трансот стана нешто познато, икона која го ужива истиот "успех" како и поп и турбо фолк музиката кои дотогаш го имаа оставено светот не пипнат. Од тука се тргна наопаку.
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats