Martin Buttrich - Cloudy Bay EP [PFR 078]
Author : uber_user / Date : 05-12-2006 21:32
View or add comments : (4)
Average members rating : 0
име на изданието: Martin Buttrich - Cloudy Bay
издавачка куќа: Poker Flat Recordings
каталог#: PFR 078
формат: Винил, 12"
земја: Германија
датум: 13 Nov 2006
жанр: Електронска Музика
стил: Minimal, Tech House

A1 - Cloudy Bay (preview)
B1 - What's Your Name? (preview)
B2 - Lazy Bastard (preview)

Што е подобро од добро издание од еден од поквалитетните продуценти во светот? Ако `уште едно уште подобро издание од еден од поквалитетните продуценти во светот` беше една од работите кои ви поминаа низ главата одлично за вас, тоа е вистинскиот одговор. После "Full-Clip Programmer" како и заедничките изданија со Loco 'seing through shadows' Dice, хановерскиот генијален продуцент Martin Buttrich одново изненадува со феноменално ново издание за релативно кратко време овој пат на Steve Bug-овата минимал мега-сила Poker Flat Recordings. Како што веќе навикнавме од него, повторно станува збор перфетно изведена идеа од продукциски аспект, тесно стегнати три траки без ниедна подпросечна секунда на нив. Почнувајќи од изопачените шумови и acid бипови на а-страната (Cloudy Bay) преку космичката убавина на What's Your Name? до квази-фанки перкусиите на 'Lazy Bastard' EP-то е одлична студија на мрачните но преубави хармонски структури. Лично мене ме пленува чудната 'густина' на пејсажите и текстурите во мелодијата. Едно издание кое во поплавата на слични wanna-be клонови се истакнува со својата ненаметливост и чиста форма. Сигурен фаворит за подиумот во доцните ноќни часови.



[overall score: 9.5/10]
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats