Depeche Mode Best Off (Remixes CDR)
Author : uber_user / Date : 12-11-2006 18:07
View or add comments : (8)
Average members rating : 0
Depeche Mode - Best of (remixes, vol.1) - CDR promo

Не треба ништо да се каже за огромната почит која електронските артисти ја имаат кон еден од највлијателните бендови во историјата на музиката, неповторливите Depeche Mode кои и самиот minimal полу-бог Richie Hawtin ги има опишано како Битлсите на техно-генерацијата, бенд чија музика има инспирирано DJи и продуценти во сите стилови па и од сите генерации. Тоа е и првото нешто кое го забележав на ова издание, огромниот талент но и разновидноста на стилови меѓу ремиксерите, не е лесно да се соберат на исто место M_nus минималните фраери Heartthrob, Ricardo Villalobos и Troy Pierce, uber-продуцентското фамилијарно дуо Stephan Bodzin & Oliver Huntemann, детроидскиот легендарен Underground Resistance колектив и како врв на се тоа, електро-феномените Boys Noize и Digitalism на чело со ветеранот Timo Maas.

Почнувајќи од почетната трака (Personal jesus - boys noize rework) ова издание фаќа одличен ритам и иако трае полни 58 минути се слуша во еден здив, потоа double-click на првата трака и се слуша повторно, па се селектираат најдобрите песни (сите) и се ставаат во секојдневната плеј-листа, се става во iPod-от или mp3 плеерот по избор, па се гори аудио CD за во кола и на крај се чека на официјалното издание (во моментот на ова пишување станува збор за CDR), кое се купува во оригинал и се става во колекцијата на највредните материјални имања кои треба да се спасат во случај на пожар или слична елементарна непогода.

Толку е добро

Рандом Коментари во врска со изданието:

* Според оскудните информации на глобалната мрежа повторно станува збор за некоја 'greatest hits' компилација која е промо-материјал за некое предстојно издание, заедно со 'Martyr' и ремиксите на Booka Shade i Paul VanDyk

* Кој и да ги лиценцира/избира ремиксерите на Depeche Mode заслужува покачување на платата (не унапредување, бидејќи на негово место ќе дојде некој друг)

* После неколку чудни и егзотични минимал-експерименти Ricardo Villalobos е повторно во правиот колосек. За 'The sinner in me' изработен е прекрасен мини-фанк ремикс во стил на стварите од неговиот легендарен албум од 2003 - Alcachofa

* Ако некогаш воопшто умрело, детроитското техно (малку подновено во германски фазон) е назад на голема врата, ако брилијантното EP na Suburban Knight - Hi Monster / Alpha Game не ве убеди, треба да го слушнете Underground Resistance ремиксот на 'People are people'. It made a believer out of me!

* Единствената слаба точка тука е релативно медиокритетниот 'Personal jesus' на Тимо Маас, што се случува со дечкото, ќе провериме за некоја недела на овогодишниот Таксират

* Stephen Bodzin i Oliver Huntemann официјално измислија нов правец: Mini-Rave you heard it here first!




[za onie koi ne sfatija: overall: 10/10]
Bookmark and Share
digitaldance.com.mkurbandance.com.mkkorzo.mkClubevents

-->
ClubbersguideClubbersguide Macedonia
clubbersguide stats